Обезбедете поголема заштеда и осигурителна заштита преку CRO пакетите на Кроација

Добивај вести на Viber

Незгодите и непредвидените ситуации не се реткост и се случуваат многу почесто отколку што можеме да замислиме. Ништо не може да се предвиди, единствено што може е целосно да се испланира и спроведе заштитата на домот и имотот со осигурување. Во случај на непосакуван настан во вашиот дом, сигурно би сакале повторно се да биде како што било претходно. Осигурувањето на семејната куќа или станот ги покрива ризиците кои можат да го уништат сето она што вредно сте го создавале со години. Санирањето на последиците од ваквите непредвидливи настани и обновувањето чини многу и трае долго, но само доколку домот и предметите во него не се осигурени.

Токму поради тоа, осигурителната заштита на домаќинството претставува една од најумните и најважни животни инвестиции во поглед на заштитата и сигурноста на домот. Секоја полиса за осигурување има различно покритие и придобивки за осигуреникот. Она што треба да се земе в предвид при споредување на понудите за осигурување се видот на осигурување, обем на покриеност, сопствено учество во штета - франшиза, начин на склучување договор, како и максималниот потенцијален износ што осигурителната компанија треба да го плати. Можете да се осигурате од разни непредвидени настани: штети во домот, кражби, природни катастрофи, пожари, поплави, губење багаж за време на патување, повреди на работа, а може да обезбедите и повисоко ниво на здравствено осигурување за себе и своето семејство.

Вистинската осигурителна компанија за вас е онаа што ви обезбедува соодветно покритие со квалитетни производи и разумни цени на осигурување, а во исто време има добра репутација за услугите и финансиска можност да ги исполни своите обврски. Токму тоа го нуди Кроација Осигурување, која во својата понуда вклучи и три осигурителни пакети - CRO START, CRO SMART и CRO SUPERIOR. Поволноста кај CRO пакетите е што претставуваат комбинација од различни видови осигурувања кои се најбарани, така што секој може да одбере она што смета дека му е најважно да го осигура. Пакетите содржат и гратис производи, а истовремено обезбедуваат и дополнителни бенефити и голема заштеда за клиентот.

Обезбедете поголема заштеда и повеќе осигурителна заштита преку CRO пакетите, кои вклучуваат домаќинско осигурување, доброволно здравствено осигурување, каско осигурување на патнички автомобил и осигурување од незгода. Основниот пакет CRO START ги содржи осигурувањата кои најмногу ги користат клиентите - домаќинско осигурување, каско осигурување на патнички возила и осигурување од незгода, индивидуално или семејно. Пакетот CRO SMART вклучува домаќинско осигурување, осигурување од незгода и дополнително здравствено осигурување CROCARE коe стопроцентно ги покрива трошоците за различни здравствени услуги во приватни здравствени установи, во зависност од пакетот. Пакетот CRO SUPERIOR, пак, вклучува домаќинско, каско и здравствено осигурување, а осигурувањето од последици од незгода е гратис.

ПР објава