Моден фокус // Трендови
Обична комбинација, зачинета со прескапи детали: Анџелина Џоли во шопинг со ќерката
Позната по обожавањето на класичните модни комбинации, актерката Анџелина Џоли, остана доследна и верна на истите, па се појави во обична бела маица и црни панталони.
Но, овој стајлинг не остана толку едноставен како што изгледа на прв поглед. Џоли одлучила да го зачини и комплетира со два луксузни детали.
Станува збор за бела чанта Диор Боби, која може да се најде за околу 3.500 американски долари. Како и влечки со потпис на Валентино, популарен модел кај познати дами.
Инаку таа беше во шопинг, заедно со ќерката Вивијен.