Објавена снимка на кое се гледа лицето на Моника Белучи одблиску, со минимална шминка: Сега на сите им е јасно дека нема ниту една естетска корекција

Добивај вести на Viber

Дама која прекрасно старее.

Моника Белучи (58) се уште важи за една од најубавите жени во светот.

На една од нејзините фан страни на Инстаграм објавена е снимка од нејзиното појавување во француското шоу „Passage des arts“, а во него Моника се појави во сосема природно издание.

Моника Белучи е една од ретките во шоубизнисот која нема правено козметички корекции и често се појавува во јавноста со минимална шминка, а тоа беше случај и во шоуто во Франција.


Фаталната актерка го предизвика воодушевувањето на обожавателите, па ја опсипаа со комплименти во коментарите.

„Моника е толку елегантна“, „Нежна, мирна, природна, единствена жена“, „Многу убава дама која прекрасно старее“, се само некои од коментарите.

Моника еднаш го коментираше изгледот и стареењето за „Sunday Times Style“.

"Не сум опседната. Отсекогаш сум била жена со облини, никогаш премногу слаба, таква е мојата природа. Сакам природно да стареам. Кога ќе наполниш 50, се разбира дека ги немаш истите потреби како кога имаш 20 години. Годините ни даваат поинаква перспектива“, рече Балучи.

извор:zena.blic