ОЧЕКУВАМ РАСТ НА ИНФЕКЦИИТЕ, НО НЕ И ПРЕПОЛНУВАЊЕ НА БОЛНИЦИТЕ: Проф. Даниловски за есенскиот бран и за вакцинацијата на децата

Добивај вести на Viber

Делта варијантата не ја одминува ниту нашава земја. Веќе имамем неколку потврдени случаи, но истовремено бројките на новозаразени се на многу ниско ниво на дневна основа, па засега остануваме безбедна земја, со празни болници и според оценките на експертите со добро темпо на вакцинација против Ковид-19. Сметаат дека и децата се важна алка во стекнувањето на колективниот имунитет и дека Во оваа насока, професорот Драган Даниловски, еден од најистакнатите епидемиолози во Македонија во разговор за Фактор оценува дека и натаму ќе бидеме земја во т.н. зелена зона.

-Очигледно е дека веќе летово ќе почне полека да расте бројот на случаите, но ако успешно се неутрализираат жариштата – идентификација и изолација на сите нивни контакти – нема да има нивно разгорување. Не верувам дека повторно ќе бидеме ризична земја. Во моментов сме меѓу ретките земји во светот во т.н. зелено подрачје. Тој статус уште долго ќе го имаме, вели професорот.

Што се однесува пак, до евентуален есенски бран на корона вирусот, проф. Даниловски вели дека интензитетот на тоа што се предвидува за од септември натаму, зависи од неколку работи.

-Секому е јасно дека, штом сме дел од еден затворен систем на врзани садови, неизбежно е и кај нас да се прелее новиот сој. Така и се случува. Есенскиот „бран“ може да има облик на грба (од камила), брдо или планина. Каков облик ќе поприми, зависи од повеќе работи.

Деталите читајте ги на Фактор тука.