Од грдо пајче до убав лебед: Денес изгледа како топ модел, а со овие трикови го препородила своето лице
Ребека Хатон имала проблем со кожата, косата, вишокот килограми и самодовербата, а потоа решила да си го промени животот од корен
Ребека Хатон е американска студентка по право која изгледа како топ модел. Таа има темна коса, впечатливи зелени очи, полни усни и беспрекорен тен. Но, Ребека не изгледала секогаш вака. Таа не се срами да објавува фотографии од себе на Тик-Ток како изгледала пред само неколку години.
Според неа, во тоа време била депресивна и без трошка самодоверба, а нејзиното лице било одраз на нејзината внатрешна состојба. Како што можете да видите на сликите од тој период, косата ѝ била сува со расцепени врвови, а лицето полно со акни.
Оваа млада жена на Тик-Ток објави видео кое за краток период стана многу популарно. На почетокот, ја гледаме Хатон како што изгледала некогаш. Иако тврди дека диетата не влијаела на нејзиниот изглед, забележливо е дека тогаш тежела повеќе отколку сега, додека косата и изгледала безживотно, а лицето и било надуено и полно со акни и лузни од мозолчиња. Оваа девојка потоа детално објаснила како се трансформирала. Еве ги нејзините четири совети за повторно да се препородите.
1. Камен за масажа на лице
- Секое утро и навечер, како и во текот на денот, доколку чувствував потреба, ќе си го масирав лицето со камен од гуа ша, а на крајот ќе додадов и одредени масла. Најчесто тоа би било масло од шипинка.
2. Третиноин крем
- Оваа крема е наменета за сите кои имаат проблем со акните. Освен акните, ги отстранува и дамките и другите несовршености на кожата на лицето. Сепак, неопходен е лекарски надзор бидејќи третиноинот може да предизвика одредени иритации како црвенило и лупење на кожата - рекла Ребека.
3. Најлесен начин за избелување на забите
- Користам средство за плакнење за уста кое ги избелува и забите. Наутро наместо со вода ја мокрам четката со таа вода и ја нанесувам пастата.
4. Третмани за регулирање на лузни од акни
- Неопходни се низа козметички третмани за лице за да се отстранат излупените лузни на кожата и акните, на што и се подложив - беше искрена. Ребека никогаш не била на диета, но постепено целосно ги исфрлила глутенот и млечните производи од исхраната. Исто така, сфатила дека треба да поработи на својата самодоверба, а нејзиниот блескав изглед дошол како резултат на нејзиниот внатрешен мир.
- Мислев дека е доволно да ги исфрлам глутенот и млечните производи од исхраната, но дерматологот ми објасни дека ако сакам да се хранам целосно здраво и мојата кожа да биде сјајна, морам да ги исфрлам алкохолот и шеќерот. Тоа беше шок за мене на почетокот. Сакав да пијам коктел одвреме-навреме и уживав во слатки, но се трудам да ги сведам на минимум слатките и коктелите. На сите девојки би им рекла да бидат задоволни со себе. Само кога ќе стигнете до фазата на внатрешен спокој, тоа се манифестира однадвор – изјавила Ребека, а пренесува британскиот весник The Sun.ФОТО: Инстаграм