Од Италија до Австралија: „Airbnb“ ги открива петте најпопуларни летни дестинации за помлади од 30 години, а каде ноќевањата се под 100 евра
Можеби и вие ќе добиете идеја за летување...
Не знаеме која е вашата дестинација од соништата, но знаеме кои места забележија најголем раст на бројот на резервирани ноќевања во однос на претходната година.
Од сончевиот сицилијански град до прекрасната земја на југоистичниот дел на Австралија, ова се петте дестинации на „Airbnb“ за помлади од 30 години.
За да се состави рангирањето, платформата за изнајмување ги идентификуваше местата кои забележаа најголем раст на ноќевања кај гости на возраст од 18 до 29 години, во споредба со 2022 и 2021 година. „Airbnb“ исто така ги заокружи најпосакуваните имоти аз под 100 фунти (110 евра) по ноќевање на секоја од овие дестинации.
Меѓу сместувачките капацитети за изнајмување, има романтична соба со марокански стил и австралиско „еко-светилиште“ во област која има „коали кои живеат“, но и шик апартман со бесконечен базен...
Еве малку инспирација за кога ќе решите да издвоите средства за убаво патување:
1. Маракеш, Мароко (71 евро)
Романтичната двокреветна соба со шармантен традиционален мебел е опишана како совршен рак од кој може да се истражува Маракеш. Некој ја оценил и напишал: „Не барајте друго место за сметување во Маракеш. Букирајте веднаш и нема да зажалите“.
2. Палермо, Италија (81 евро)
Овој стан е дел од комплексот на палатата Лампедуза, некогашниот дом на писателот Џузепе Томази ди Лампедуза, кој го напишал познатиот роман „Леопард“. Во цената е вклучено и користењето на приватната градина.
3. Пукет, Тајланд (48 евра)
Ова сместување е во станбен блок во градот Камала Бич на западниот брег на ПУкет. Гостите имаат пристап до бесконечниот базен за време на нивниот престој.
„Сѐ беше исто како на фотографиите - беше навистина прекрасно да се влезе во базенот“ - гласеше еден од коментарите.
4. Кјото, Јапонија (52 евра)
Гостите можат да изнајмат соба во делот кој е стар со векови. Тоа е Мачија, традиционална дрвена куќа која е реновирана за да го задржи својот носталгичен дуг.
5. Викторија, Австралија (77 евра)
Удобна светла куќа која е блиску до плажата во градот Рај. Совршено место за бегство од напорното секојдневие.
фото: Принтскрин / Airbnb / Profimedia