Од Мис на Македонија до несудена Сенаторка: Кој е сопругот на Сара Леши?
Поранешната манекенка и Мис на Македонија, Сара Леши, пред скоро 10 години се омажи во Америка и стана госпоѓа Вилис. Таа тогаш стапи во брак со Том, кој веќе имаше две деца (син и ќерка) од минатиот брак.
Децата супер ја прифатија Сара, која дури беше и најголема поддршка во моментите кога посинокот Ханрер имаше тешки здравствени проблеми, кој за среќа успешно се избори со ракот и ја победи болеста, како што тогаш раскажа Сара за македонските медиуми.
Минатата година, тие го добија синчето Томи. Сара не се пофали на социјалните мрежи, но нејзиниот сопруг често споделува семејни моменти на неговите профили.
Инаку Томас Вилис, сопругот на Сара има дипломирано на Универзитетот во Вирџинија и Универзитетот во Џорџтаун. Во професионално искуство на политичарот се вклучува ко-сопственишството на фирмата „Глен Ферис Ин“. Тој служел за федерален судија во даночниот суд на САД и работел како адвокат за даноци во „Бејкер и Мекензи“. Вилис се приклучил на Националната гарда на Западна Вирџинија во 2000-та година. Тој е „Green Beret“ и неодамна беше втор на командант на баталјон на специјалните сили на САД.
Том Вилис, изминатава пролет, беше републикански кандидат за американскиот Сенат од Западна Вирџинија, но не победи.
Неколку години по стапувањето во брак, Сара Леши за македонските портали изјави дека Том е совршениот маж за нејзе и дека најмногу ја сака неговата смиреност и сила во секоја ситуација, како и неговата спонтаност и хумор.
- Љубовта најлесно е да се зачува со компромис и одлука никогаш да не се откажуваш. Разводите се случуваат бидејќи најлесно е да ставиш крај на една врска, меѓутоа најтешко е да работиш на таа врска- додаде една од најпознатите македонски манекенки.