ОД ПОЧЕТОКОТ НА АВГУСТ ДО СЕГА 82 ПРОЦЕНТИ ОД ПОЧИНАТИТЕ НЕ БИЛЕ ВАКЦИНИРАНИ: Што покажува најновата анализа на МЗ?

Добивај вести на Viber

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август заклучно со 28 октомври. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

-Во период од 06.08 до 28.10.2021 на територија на државата 45.621 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 27% биле целосно вакцинирани, односно 12.375 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе два месеци, 33.246, граѓани, односно 73% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани.

Детали на Фактор тука.