Од Сорбона преку Цирих до научик по молекуларна биологија: Ангела Костуранова фуриозно

Добивај вести на Viber

Ангела Костуранова е млада и надежна 21 – годишна девојка од Скопје, која на само 18 години се одлучува да се оддели од своето семејство, со цел да стекнување на квалитетно образование, а изборот паднал на престижниот универзитет Сорбона, во Париз, Франција.

Оваа девојка средното образование го завршува во две средни училишта: гимназијата СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“ и гимназијата „НОВА“, каде што била дел од програмата за Меѓународна матура. Со оглед на тоа што штотуку ја заврши последната година на отсекот биологија, таа од септември ќе продолжи на постдипломски студии на отсекот биохемија на ETH Zurich во Швајцарија.

Ангела се одлучила за овој универзитет откако била примена на 13 постдипломски програми по биохемија на повеќе западноевропски универзитети кои се рангирани во првите 100 според Шангајската листа на унивезитетите, меѓу кои се и интернационалната магистерска програма која се спроведува на универзитетите Сорбона и Хајделберг, интердисциплинарната програма на институтите Karolinska и KTH во Шведска, универзитетите Гронинген и Лајден во Холандија, универзитетот во Копенхаген во Данска и ETH Zurich во Швајцарија.

За тоа како се одвива образовниот процес во Франција, но и за тоа како се дошла до одлуката да замине од државата, прочитајте во интервјуто на Хаштаг.мк