Од убавицата не остана ниту траг: Алкохолот и бројните пластични операции целосно го уништија нејзиното лице!
Некогаш пленеше од
нереална убавина, денес Карла Бруни не личи на себе
Некогаш, 52-годишната Карла Бруни беше топ модел, пејачка и текстописец. Денес, таа е сопруга на поранешниот француски претседател, но се‘ уште снима албуми. Италијанката порано беше украсена со неверојатна убавина, но за жал, беше подложена на бројни операции, ботокс и слично, поради кои денес е видно изобличена. Во брак е со Саркози од 2008 година. Нејзините медиумски настапи денес се многу ретки, па сите беа изненадени од интервјуто за британскиот „Телеграф“ во кое таа зборуваше за карантинот со своето семејство, но и за проблемите со алкохолот.
„Кога пијам, претерувам. Мислев, ако го поминам карантинот пиејќи алкохол, ќе завршам, ќе бидам мртва. Не знам како да бидам умерена", рече Карла Бруни, додавајќи дека успеала да го надмине овој проблем за време на карантинот.
До својата 20 -та година, Карла Бруни беше меѓу 20 -те најдобро платени модели во светот, и заведе многу познати и постари мажи. Таа беше со Мик Џегер и Ерик Клептон, а мажите ширум светот воздивнаа по неа.
Ниту јавноста не можеше да се засити од нејзината убавина и шарм, а поинформираните извори тврдат дека Саркози полудел по неа за време на нивната прва средба во 2007 година. Се шпекулираше дека таа го завела и поранешниот американски претседател Доналд Трамп, а медиумите често знаат да коментираат дека неговата сегашна сопруга Меланија Трамп неодоливо личи на Карла Бруни.
Се зборуваше за нејзината убавина, и каде и да се појавеше, привлекуваше големо внимание. Во желбата да го задржи младешкиот изглед, Карла претера со пластичната хирургија, па остана само бледа сенка од таа убавина.
Покрај тоа, прекумерната потрошувачка на алкохол остави трага на нејзиното лице.
Фото: Printscreen Youtube / CelebrityPlasticSurgeryXP/Профимедиа
Велеше дека не станува од кревет за помалку од 10.000 долари: Погледнете како денес изгледа една од најубавите жени