Од војвотка до„кафе-куварка“, странските медиуми шпекулираат: Меган Маркл повеќе не може да ја крие вистината

Добивај вести на Viber

Фото:Screenshot


Новата работа на Меган Маркл беше цел на коментари

Откако се преселиле во Америка, секое движење на Меган Маркл и принцот Хари е внимателно следено. Многу луѓе ги интересира каде се, што прават и каков однос имаат со членовите на кралското семејство, а овој пат на мета на коментари беше новата работа на Меган Маркл.

Имено, војвотката од Сасекс се појави во најновата реклама за „Clever Blends“ во улога на асистентка која наложува кутии, прави топли пијалаци и работи во дигиталниот оддел.

Сопругата на принцот Хари, која исто така е инвеститор, глуми во промотивното видео, додека извршната директорка и ко-основач Хана Мендоза шета низ седиштето на компанијата и му се заблагодарува на тимот за нивната напорна работа во 2023 година.

View this post on Instagram

A post shared by Clevr (@clevrblends)


Новата работа на Меган Маркл предизвика дискусија на социјалните мрежи, а многумина веруваат дека кралското семејство нема да изгледа благонаклонето на овој потег.

За потсетување, Меган во декември 2020-та година потврди дека инвестирала одредена сума во компанија која произведува инстант кафе. Својата популарност ја искористила за да го промовира бизнисот, а и праќала промотивни производи на нејзината сосетка Опра Винфри, што секако позитивно влијаело на развојот на бизнисот.

Меган секогаш суптилно покажува на својот Инстаграм дека секој ден го започнува и завршува со шолја од ова кафе.

Нејзиното одобрување на брендот ја означи првата јавна инвестиција откако таа и Хари го напуштија кралскиот живот во 2020-та година за да продолжат со приватен живот и да бидат финансиски независни од кралското семејство, пишува „Дејли мејл“.


извор: www.gloria.rs