Од возбуда до солзи и назад: Мислите на една мајка прв работен ден по породилно отсуство

Колку и да зборуваат другите мајки дека тоа не е толку страшно и како сега конечно ќе може да се одморите од децата, секоја мајка која после породилно се вратила на работен ритам, доживеала некој вид на паника. 

Ова би можело да биде една стандардна колекција на мисли на мајките кои веќе поминале низ враќањето на работа: По ѓаволите, шефот веќе три пати ми прогледа низ прсти бидејќи одев да се исплачам во тоалет. 

Кога би можела да го успијам како што тоа обично го правам со децата во ова време. Како се пишуваа мејлови? Како сите се средени, срам ми е пред сите да се погледнам да видам дали имам некои флеки од млеко или храна. 

Како можам да работам кога не знам како моето злато преживува без мене? Одам повторно да го повикам, без разлика што веќе и се јавив на свекрва ми седум пати… Јас сум лоша мајка кога си го оставив детето поради работата. Уф, yф. Не смеам повторно да плачам. 

Кога размислам малку подобро, ова е полесно отколку што мислев. Ова е ужасно, зошто воопшто морав да се враќам на работа? Не. Чекај, всушност, не е толку лошо. Што се тоа сметководствени табели? 

Во име на пелените на бебињата, што се тоа сметководствени табели?! 

Колку сум уморна. Сета среќа што имам замрзната храна во фрижидер, немам сила да правам вечера. Те молам, кулирај! За малку на колешката ќе и го избришев кечапот од уста. Ако овој состанок се оддолжи, ќе задоцнам во градинка по бебето. 

Престанете да напнувате, преминете на работата! Ми недостига моето бебе. Многу. Кога ќе дојде тој петок…