Од XXS до XXL: Панталоните на Викторија Бекам подмладуваат за 10 години, создадени се за секоја жена

Добивај вести на Viber

Модните дизајнери за себе секогаш многу, многу внимателно ги избираат своите парчиња облека.

Една од најпознатите британки денес, Викторија Бекам на модната недела во Лондон ја претстави својата колекција Подготвена за носење (Ready-to-wear) за пролет/лето 2021 година и интересно е што, поради мерките на претпазливост, единствени гости беа членовите на нејзиното семејство.

Викторија уживаше во друштво на сопругот Дејвид, синовите Ромео и Круз и ќерката Харпер.

Како и секогаш, сите се интересираат каква комбинација избрала самата Викторија за овој важен момент, а таа остана верна на својот софистициран стил и очекувано се појави во облека од сопствената колекција. Имено, Бекам се појави во бела кошула со долги ракави, која ја закопча до вратот, а уште поинтересен е нејзиниот избор на тексас панталони.

Викторија се одлучи за модел во форма на трапез, со висока половина и екстремно долг и ги покрива чевлите, а тајната моќ на моделот е што тие визуелно ја издолжуваат фигурата.

Хипи-моментот е особено убав затоа што тие даваат лежерност на деловното издание, така што прават Викторија да изгледа помладо и помодерно.

Овие панталони првпат се појавија во шеесеттите години и станаа инстант хит, и честопати се враќаат во мода, пред се благодарение на фактот дека жените со различни видови на градба и конфекциски број се чувствуваат и изгледаат одлично во нив.

А големо внимание привлече и комбинацијата на Дејвид Бекам, особено неговите чевли.

извор:glossy.espreso.rs