Одговара на секоја женска фигура: Овој модел на фустан ќе ја одбележи претстојната сезона (ФОТО)
Фото: Profimedia
Летото ќе биде во
духот на лелејавите и лежерни модели
Доколку би ги прашале модните дизајнери во кој модел на фустан е најдобро да се вложува, тие без сомнение би ви кажале дека тоа е фустан во бохо стил.
Главната карактеристика на овие фустани е лежерност, а поради начинот на сечење и како паѓаат, тие ласкаат скоро за секоја фигура. Претежно се украсени со цветен принт, па овој разигран дизајн ќе ги разубави летните денови.
Исечокот на самиот фустан е идеален ако сакате да скриете неколку вишок килограми на стомакот или колковите. Може да се носат во лежерни варијанти, но исто така ќе изгледаат одлично и во комбинација со високи потпетици.
Еве како трендсетерките носат бохо фустани. Погледнете ги фотографиите и сигурно ќе најдете инспирација за стајлинг: