Одлични за деловни комбинации: Камала Харис во омилените патики
Со својот стајлинг, новата потпретседателка на Америка порачува дека е достапна и жена „од народот“, чија интелигенција и способност не се определени од тоа што таа го носи.
Новоизбраната американска потпретседателка Камала Харис (56) ги разби сите предрасуди за светот на високата политика: не само што е прва жена и прва личност од мешана раса - и дете на имигранти - именувана на втората најважна позиција во американската администрација, таа исто така не се покорува на строгите кодекси на облекување што важат на такво работно место.
За време на претседателската кампања, таа пред гласачите се појави облечена во фармерки, памучни маици и платнени патики, што не се разликува од огромното мнозинство на поддржувачи на нејзината Демократска партија, а единствениот потсетник за вообичаениот стил на облекување на политичарка и е стилската деловна јакна.
Конверс патиките станаа нејзин заштитен знак, а Камала ги комбинира добро со обични панталони и елегантни јакни, што значи дека не е крут политичар и дека ангажирањето во политика не значи дека треба да се откажеме од нашите стилски преференции ниту, пак, нè прават помалку професионални.
Во едно интервју таа изјави дека едноставно обожава Конверс патики и дека е сопственик на цела колекција на различни модели. Тие се најпрактични за неа, за секојдневно трчање низ градот и исполнување на нејзините обврски, а во последно време таа започна да испраќа политички пораки со натписи и значки на патиките.
Фото: Инстаграм/Profimedia
Можеби ќе ве интересира:
За прв пат во историјата на САД жена ќе застане на функцијата потпретседател: Џо Бајден избран за 46. претседател на Америка