За прв пат во историјата на САД жена ќе застане на функцијата потпретседател: Џо Бајден избран за 46. претседател на Америка

Трамп изгуби, Џо Бајден станува 46. претседател на Соединетите држави.

Камала Харис пак, ќе стане потпретседател на Америка. Ова е првпат во историјата на земјата оваа функција да ја извршува жена, инаку со афро-азиско потекло.

Камала Харис, ја претставува Калифорнија во Сенатот од 2017 година, и е ќерка на имигранти од Јамајка и Индија.

Инаку Си-Ен-Ен тврди дека победата на изборите ја донел Бајден со изборните гласови освоени во неговата матична земја - Пенсилванија.

Со 20 изборни гласови од оваа држава, Бајден има вкупно 273 електорски гласа, што е за 3 пати повеќе од потребниот број.

Медиумот наведува дека Доналд Трамп во моментов има 213 изборни гласови.

Од друга страна, „Фокс њуз“ наведува дека Бајден во моментов има 290 гласа, додека некои други медиуми тврдат дека тој број е 284.

Бајден, наводно, ги следел резултатите со своето семејство, а кога дознал за оваа информација, најавил дека ќе и се обрати на јавноста во сабота вечерта.
Џил Бајден ќе биде прва дама на САД.

Поврзани вести:

Ако Џил стане прва дама: Сопругата на Бајден може да стори нешто што не го направија ни Мишел Обама ни Меланија