Одлично издание на Шерон Стоун кое ги крши сите кодекси на облекување (ФОТО)

Добивај вести на Viber

фото:printscreen

Долгоочекуваната филмска адаптација на популарниот мјузикл „Во височините“ (In The Heights) од Лин-Мануел Миранда ја имаше и својата премиера во Њујорк. Во жирито на јубилејниот 20-ти филмски фестивал „Трибека“ е и Шерон Стоун, која се појави во оригинално издание.

Познатата 63-годишна актерка пристигна на отворањето на фестивалот и на проекцијата на филмот во многу лежерно издание.
Шерон се оддалечи доста од традиционалниот гламур што нормално можеме да го видиме на вакви настани.

Наместо вечерен фустан или можеби костим, таа носеше свилен комплет што ги потсетува модните критичари на пижами.

Шерон облече удобен дводелен комплет со леопардска шема на рабовите украсен со раб во црно, и црни сандали со високи потпетици.

Актерката уште еднаш ни покажа дека модата е игра во која правилата се ирелевантни и дека сè се сведува на тоа што прави да се чувствувате најдобро и најпријатно.

извор:zenskikutak.rs


Шерон Стоун за загубата на старателството над нејзиниот син: Само сакав повторно да го прегрнам и да го вратам назад


Жената мора да си ја знае цената - но никогаш не смее да ја каже: 20 мудрости од единствената - Шерон Стоун