Жената мора да си ја знае цената - но никогаш не смее да ја каже: 20 мудрости од единствената - Шерон Стоун
За Шерон Стоун е познато дека има најголем коефициент на интелигенција во Холивуд. Иако веќе има 63 години, оваа актерка не го изгубила чувството за хумор и продолжува да кажува остроумни бисери, во кои има многу повеќе вистина и мудрост за животот, отколку во советите на мудрите гуруа.
-Ми се чини дека кога се родив веќе имав четириесет години. Веќе во основно училиште, поставував зрели прашања - и барав зрели одговори на нив.
-Сакам да остарам сама - тоа е мојата главна цел. Имав крварење во мозокот пред 18 години и затоа многу добро разбирам што значи да остариш мирно. Мојот мозок крвареше девет дена. Малкумина го преживеале тоа, но јас некако успеав. После тоа, повторно научив да одам, да читам и да пишувам за две години. После тоа, сфатив колку е бесмислено да се зборува за брчки.
-Вечната младост е мит. Не сакам да бидам безвременска убавица. Сакам да бидам жена која изгледа најдобро за своите години.
-Не кријам дека ставав ботокс. И повеќе од еднаш, но застанав на време, за да не се претворам во една од оние златни рипки со кои е полн Холивуд. Поради ботокс, сега сите актерки личат едни на други. Сакам да останам она што сум. Нека видат во мене жена зад која стојат години исполнет живот.
-Ава Гарднер беше најубавата жена на светот. Зошто? Никогаш не сторила ништо со себе. Изгледаше како жена и никогаш не се обидуваше да изгледа како девојче.
-Кога наполнив четириесет години, се заклучив во бањата со чаша вино и си реков: Нема да одам никаде додека не започнам да се доживувам каква што сум навистина.
-Во животот не е важно како ќе паднете, важно е како ќе станете.
-Дури и најскапата козметика и најдобрата фризура не ја прават жената убава. Најубави и најинтересни жени се оние кои имале подеми и падови во животот.
-Жените можат да глумат оргазам, додека мажите глумат врски.
-Навистина убавата жена е секогаш пријатна со другите жени и мажите воопшто. Не ја интересираат ривалства, интриги и подлост.
-Ако сте паметни, ќе бидете убави. Нема грди жени. Некои се убави како роза, некои како кактус.
-Луѓето се плашат од промени - им се чини дека ќе изгубат нешто. Забораваат дека со тоа можат да добијат многу нови работи!
-Ќе дојде ден кога и самите девојки ќе станат мажите за кои некогаш сонувале да се венчаат.
-Кога станав будист, сфатив дека човекот измислил срам - нема срам во природата. Тој не е ништо друго освен начин за манипулирање со луѓето.
-Жената мора да ја знае својата цена - но никогаш не смее да ја каже.
-Смртта тропна на мојата врата неколку пати, но јас не и отворив. Таа ме научи како да живеам поинаку. Тоа тропање на вратата ме разбуди.
-Никогаш нема да има апсолутна хармонија и мир во светот, но можат да постојат во вашата глава.
-На 58-годишна возраст сфатив - убавината доаѓа одвнатре. За да бидете и да останете убави, треба да правите што сакате секој ден. На пример, не можам да го замислам животот без танцување и го правам тоа до истоштеност.
-Подобро е да бидете целосно сами отколку да се чувствувате осамени покрај погрешна личност.