Одлично одат со чај или кафе: Колачи со лимон за ненајавени гости подготвени за 15 минути (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Добивај вести на Viber

Кога гости одеднаш ќе ви се најават, треба да имате со што да ги послужите, а многу често немате доволно време да подготвите нешто вкусно.

Затоа брзите рецепти се исклучително корисни.

За ова задоволство ви требаат само 15 минути, а ќе добиете исклучително вкусен кекс колач.

Потребни ви се само неколку состојки.

-1 јајце

- 100 гр шеќер 

-сок од 1 лимон

-кора од лимон

-100 гр јогурт 

-250 гр брашно или колку ќе прибере

- прашок за пециво

-шеќер во прав


Подготовка:

Земете сад и измешајте ги шеќерот, сокот од лимон, кората од лимон и јајцето.. Сè добро измешајте, па додајте ги брашното и прашокот за пециво. Доколку смесата ви е многу леплива додајте малку зејтин.

Потоа плехот во кој ќе ги печете обложете го со хартија за печење и врз него правете топчиња од смесата што ја добивте, а доколку пак имате повеќе време на располагање тогаш може да развлечете кора и од неа да извадите разни форми како на фотографијата. Печете ги на 180 степени околу 15 минути. 

Пријатен апетит.