Одлучено е: Градинките ги отвораат вратите на 9-ти септември

По еден месец од препораката на Комисијата за заразни болести за почнување на работа на градинките, конечно донесена е одлука.

На вчерашната седница, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за повторно отворање на установите за згрижување и воспитание на деца - детски градинки / центри за ран детски развој за време на пандемија КОВИД-19/

Одлучено е - градинките повторно ќе почнат да работат на 9 септември, а до тогаш се должни да се подготват за работа.

-Согласно заклучоците за ова прашање, Владата им препорачува на сите единици на локална самоуправа кои се основачи на јавните установите за згрижување и воспитание деца да обезбедат дополнителен простор или адаптираат соодветен простор за потребите на градинките доколку градинката има потреба за згрижување на деца согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување на деца, како и да обезбедат  потребен соодветен кадар за временски период до траењето на епидемијата со КОВИД-19, доколку градинката има потреба по итни и неодложни работи за непречено функционирање, информираат од Владата.