Однадвор лавица, внатре мека како памук

Ова е за тебе која однадвор изгледаш како лавица, силна, моќна, а одвнатре си слаба и мека како памук. Ова е за тебе драга, која никогаш не се откажуваш. Ова е за тебе која пеколно се бориш, без разлика на се што ти носи животот. Ова е за тебе која стануваш секој пат кога ќе паднеш. 

За тебе која не се согласуваш на ништо помалку отколку што заслужуваш. Ова е за секоја жена која се залага за нешто поголемо од себе. За жена која вреска „дај ми искушение“, наместо да шепка „зошто јас“. Ова е за храбра жена која не се чувствува секогаш одважна. За тебе  која не мислиш дека си доволно добра, доволно убава, доволно паметна. Ти која мислиш дека не заслужуваш среќа. За тебе која премногу се грижиш, која премногу им се предаваш на другите, која премногу се трудиш, која предобро го познаваш разочарувањето. 

Овие зборови се за тебе која сакаш премногу, посебно оние кои тоа не го заслужуваат. За тебе која толку даваш, а на крај те остават со срце на парчиња. За жената која го живее својот живот низ цитати, држејќи се за се што помага како би се чувствувала помалку осамена. Ова е за тебе која веруваш дека можеш да го промениш светот. За тебе која можеш се сама, за тебе која си независна и силна. 

За секоја жена која во себе се сомневала. Која уште своите способности ги доведува во прашање. Ова е за онаа жена која точно знае што сака од животот. За жена со големи цели и уште поголеми соништа. За онаа жена која нема да дозволи нешто да и застане на пат. За тебе која секогаш кажува што има на ум, за тебе која не се плаши да се заземе за себе. Ова е за тебе која знае какво е чувството да се биде целосно уништена од страна на друго човечко битие. Ова е за тебе да знаеш дека не си сама, не имаш уште. Ова е да знаеш дека си вредна, дека постоиш, имаш цел. Постоиш бидејќи секогаш на некој ќе му бидеш се. Да се потсетиш дека си доволна, дека си прекрасна, да си доволно паметна, доволно добра, да можеш да постигнеш