Официјално Господин и Госпоѓа Пауни: Ќерката на Хелена Роза правеше венчавка во Нов Зеланд
Ќерката на поранешната македонска водителка Хелена Роза, Каја Гоља официјално пред матичар му кажа „да“ на нејзиниот свршеник Стефан Поуни.
Радосната вест ја сподели и Хелена и нејзината сестра Ребека која со нејзиното семејство замина во Нов Зеланд.
„Господин и Госпоѓа Пауни. Ве гушкам и ви посакувам многу среќа. Вечно благословени со љубов“, напиша Ребека на фотографијата.
Кјара на нејзиниот Инстаграм профил сподели неколку фотографии од свечениот момент во Нов Зеланд, каде што веќе неколку години живее. Очигледно дека сакале едноставна венчавка со најблиските. За овој свечен момент таа одбрала бело кусо фустанче во комбинација со бели високи чизми каубојки. Додека нејзиниот сега веќе сопруг обична бела маичка во комбинација со бели патики и сиви панталони.
Минатиот месец на 21-ви јули, Кјара доби свршувачки прстен од Стефан, а Хелена оваа радосна вест ја сподели со нејзините следбеници на социјалните мрежи.
Фото: ИнстаграмРЖМ
„Ми ја запросија мојата лепотица“: Ќерката на Хелена Роза, Кјара, кажа „Да“