Официјално има момче: Кристина Димитри е заљубена – „Најубав ми ѐ “

Добивај вести на Viber

Поранешната мисица и екссопруга на пејачот Даниел Кајмакоски, а денес пејачка Кристина Димитри официјално потврди дека е во љубовна врска.

Засега таа не го открива идентитетот на нејзиното момче, иако не се кријат во јавноста, но не сака да го објавува на социјалните мрежи.

Пејачката на Инстаграм профилот одговараше на прашања од нејзините следбеници.

На прашањето „Дали е заљубена?“, пејачката напиша: „Да“ и објави заедничка фотографија.

„Не се криеме, заедно сме 24/7 секаде. А на социјалните мрежи ги кријам моите најсакани. П. С – Најубав ми е“, напиша Кристина.

Најинтересен е одговорот на прашањето „Дали се на иста возраст со момчето?“, на што пејачката откри: „Кога сум се родила веќе имал прва девојка. Ама ја чекал вистинската љубов“.

Пејачката веќе неколку месеци е во врска со анонимното момче.

Кристина Димитри го покажа момчето: Конечно откри дека е заљубена (ФОТО)

Фото: Инстаграм