Официјално најскапите и најголемите гради: Електра Елит за нова биста искеширала 12 000 евра (ФОТО)
Трансродовата пејачка Електра Елит и официјално ги има најголемите и најскапите гради на српската јавна сцена, што може да се види од нејзините најнови фотографии.
Како што пренесуваат српските медиуми таа неодамна заминала во Белгија на ремонт каде ги зголемила градите, каде ѝ биле вградени дури 5.000 кубни метри. За последната интервенција искеширала 12.000 евра, што генерално не и е многу бидејќи толку заработува во просек за две ноќи.
Нејзината нова биста предизвика бура од реакции на социјалните мрежи недолго по објавувањето на првата фотографија. Повеќето го фалат нејзиниот нов потфат, а останатите се караат и се жалат дека отишла предалеку и дека лесно може да има проблем со кичмата поради големината на имплантите. Сепак, таа не се огласи во оваа прилика.
Што се однесува до работата, Електра неодамна престојуваше во Германија каде подготвуваше нов проект, а според информациите на почетокот на октомври ќе дојде во Белград за да промовира нови песни.
Таа веќе извесен период е во пензија и вообичаено се посветува на своето основно занимање во Цирих, а гостуваше и во најгледаната германска програма за реално шоу, чиј основач е познат милијардер.
ФОТО: Инстаграм