Огњен Амиџиќ и Мина имаат најголема причина за славење: Водителот е на седмо небо
Огњен Амиџиќ го прославува роденденот во друштво
на својата девојка Мина
Неодамна јавноста дозна дека Огњен Амиџиќ има нова девојка. И немаше да биде таков шок да не беше неговата колешка од шоуто, седумнаесет години помладата Мина Наумовиќ, која води сегмент во шоуто Амиџи. Популарниот водител се соочи со бројни осуди поради новата љубов, бидејќи дури неодамна и официјално се разведе од поранешната сопруга Данијела Димитровска, со која го има синот Матија, но изгледа дека Амиџиќ не се грижи за коментарите и ужива.
Љубовниците секој слободен момент се трудат да го поминат надвор од границите на Србија, а љубопитните папараци можат да ги фотографираат само на аеродром кога заминуваат или доаѓаат од нова дестинација што ја посетиле. Извори блиски до парот велат дека водителот процвета откако е во врска со Мина и дека планира сериозна иднина со неа.
Денеска е важен ден во нивниот дом бидејќи креаторот на шоуто Амиџи денеска го слави својот 48 роденден. Мина навистина се потрудила да го израдува својот партнер и му направила изненадување кое ќе го памети до крајот на животот. Со шампањ, балони, и торта со посебна порака: „Ти си мојот универзум“.
-Ти само насмевни се, а јас ќе те сакам, ќе те следам и ќе ти внимавам на грбот. Среќен роденден љубов - напиша Мина.
Огњен Амиџиќ ќе го прослави роденденот во друштво на најтесниот круг на пријатели и семејството, а останал без зборови кога видел што му подготвила неговата девојка и самиот коментирал на социјалните мрежи. Инаку, познато е дека Амиџиќ не сака премногу да го коментира приватниот живот и дури неодамна откри детали од љубовната врска со колешка:
-Поинтересно и поубаво е кога работиме заедно. Добро работиме и се надополнуваме, таа ми дава добри идеи и е многу креативна. Мислам дека следната сезона ќе покаже колку е креативна - изјави Огњен во емисијата „Премиера“.
Фото: Инстаграм - стори - printscreen/Youtube - screenhsoot
„Можам да кажам дека сум среќна“: Данијела Димитровска прв пат за врската со помладиот фудбалер