Огромен успех: Трансплатацијата на срце е успешна

Добивај вести на Viber

Првиот човек на здравството во земјава објави дека Првата трансплантација на срце во земјава, која што се направи вчера била успешна. Донор на срцето е почината пациентка чие семејство се согласило срцето да го добие друг пациент кој веќе долго време чека донор.

На Првата трансплантација на срце во земјава работеше мешан тим кардиохирурзи, врвни експерти од повеќе здравствени установи меѓу кои и проф. д-р Сашко Јовев од државната кардиохирургија и д-р Жан Митрев од „Жан Митрев Клиник“. Но и професор д-р Александар Николиќ кардиохирург од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и шефот на Одделот за анестезија д-р Димче Славески, специјалист по анестезиологија со реаниматологија од „Аџибадем Систина“. Станува збор за тешка и ризична интервенција каква досега не беше направена во Македонија, поради што ова е голем исчекор за македонското здравство.