Актуелно // Insta вести
„Ох Господе“: Градот ја погоди Мелита Ракичевиќ, но храбро се држеше – Вчерашното невреме навистина беше хорор
- 24 Јуни, 2024
Вчерашното невреме ја „затече“ и поранешната водителка Мелита Ракичевиќ. Градот кој паѓаше ги потресе жителите особено оние кои го дочекаа во своите автомобили.
Токму во оваа ситуација се најде и Мелита, сама и избезумена од страшната бука која ја предизвикуваа ледените топки кои удираа во нејзиниот автомобил, таа се приклучи во живо на својот Инстаграм профил за да ја сподели атмосферата со своите илјадници следбеници.
За среќа се брзо помина, а најверојатно Мели нема сериозни последици како материјални, така и по нејзиното здравје, сепак, вчерашното невреме навистина беше хорор.
Фото:Инстаграм