Oхридска банка сосиете женерал главен спонзор на 59. издание на Охридско лето

Добивај вести на Viber

Охридска банка Сосиете Женерал и оваа година е главен спонзор и поддржувач на една од најзначајните културни манифестации во земјата - Охридско лето, одбележје на градот Охрид. 

Веќе низа години, Охридска банка Сосиете Женерал е една од најголемите поддржувачи на оваа манифестација која нуди врвна и уникатна уметничка програма и ги издигнува културните вредности на едно повисоко ниво и нуди програма која изобилнува со врвна уметност. 

Охридско лето, за Охридска Банка е многу повеќе од традиција. Во оваа манифестација Банката гледа можност за развој на клултурата и уметноста од една страна, како и можност за уникатно уметничко уживање на посетителите и надоградба на културните вредности кои се негуваат во градот Охрид. 

Во рамки на своето општествено-одговорно делување,освен поддршка на 58. манифестација Охридско лето, Банката беше насочена и кон многу друго проекти од областа на културата и уметноста. 

Повеќе информации за Охридска банка СОсиете Женерал можат да се најдат на веб страницата www.ohridskabanka.mk, Контакт центар 02 15 050, или во мрежата експозитури на Банката низ државата.