Олга Костовска прослави роденден: Забава направи во босански ресторан

Добивај вести на Viber

Роденденска забава во познат босански ресторан имаше познатата бизнисменка и една од најдобро облечени дами кај нас Олга Костовска.

Насмена со чаша вино в раце таа на социјалните мрежи напиша:

„Еве се спремам да ја дувнам последнава свеќа од декадава ,без драмица и емотивни осцилации . Иначе ,добра сум,се расправам и се смеам гласно,да бидам искрена не се радувам на претстојниот пола век, а сеуште не ги преправам сликите(ке ви кажам кога ќе почнам а онда је враг однео шалу) Добро мрчам малку, тешко ми се погаѓа ама си викам -какви има ,Олге топ си -кисче.  Наздравје,за годините што доаѓаат“, стои во постот на Инстаграм.






Честитка за роденденот Олга доби од бројни познати личности и од нејзиниот татко Трифун Костовски кој напиша:

„Среќен роденден принцезо моја!“.




Инаку Олга Костовска е меѓу најдобро стилизираните дами во земјава.

Воодушевува со истенчениот вкус на облекување и почитување на дрес-кодот. Никогаш ,ама никогаш не сме приметиле да направи моден гаф. Секогаш облечена по последна мода, исклучиво на високи потпетици, со средена фризура и со перфектна шминка.

Гардеробата за да ја купи треба да и се допаѓа, но за да ја носи треба да знае да ја носи. Нема омилени парчиња гардероба, најважно и е да се чувствува удобно во неа и таа да е направена од природни материјали. За гардеробата не е важно дали е марка или не, дали е престижен светски бренд или домашен дизајнер, но за чевлите и чантите да. Особено чантите кои ѝ се фетиш.

Динамиката на денот и расположението се пресудни за нејзиниот изглед. Но, сепак дизајнот и квалитетот на облековните елементи се примарни при изборот. Што се однесува до кројот, не е ограничена. Подеднакво носи тесни и лелеави модели, класични или ултра модерни.


ФОТО: Инстаграм