Омиленото Битолско млеко со 10 витамини ја поддржа детската трка „Охрид трчаТ“
Со поддршката дадена од брендот Битолско млеко со 10 витамини се одржа детската трка во Охрид како дел од традиционалната спортско-рекреативна манифестација „Охрид трчаТ“. Приближно шестотини првачиња трчаа и се рекреираа во ревијалната трка и се информираа за здравите животни навики преку правилна рекреација и исхрана.
Присуството на брендот Битолско млеко со 10 витамини и поддршката токму на оваа трка е во насока на едукација на децата за потребата од дополнително внесување витамини и минерали преку омилениот детски напиток – Битолско млеко. Битолското млеко со 10 витамини покрај основните нутритивни состојки, протеини, калциум, фосфор, има дополнително збогатен состав со десетте најважни витамини неопходни за детскиот раст и развој, така што со консумирање на ова млеко се внесуваат и витамините Д3, А, Е, Б12, Б9, Б1, Б5, Б6, Б7 и Б3.
Овие витамини се од исклучителна важност за правилно функционирање на организмот и нивното внесување во секојдневната исхрана е повеќе од неопходно.
Многу од овие витамини не се дел од состојките во дневното мени, а се од исклучителна важност за правилно функционирање на организмот.
На неформалната детска трка сите првачиња кои истрчаа по 100 метри беа победници, за што добија медал финишер и подарок од Бимилк, она што им е најпотребно на децата за повеќе енергија и здравје - Битолско млеко со 10 витамини.
*Пр објава