Oпасната Теа Таировиќ ја напушти Шведска откако беше приведена?!
Пред настапот, а и по инцидентот, Таировиќ беше снименa како ништо да не се случило, видно расположенa
Како што вчера ексклузивно објави Телеграф, пејачката Теа Таировиќ е одведена во притвор во Шведска, а на фотографиите до кои дојдoa ја гледаме фолк ѕвездата со лисици на рацете.
Не е познато зошто рацете и биле врзани со лисици, но до неа јасно се гледа униформирано лице.
Како што истакнаla менаџерката на Теи во изјава за Телеграф.рс, таа веднаш по Шведска се упатила кон Бугарија, каде синоќа имала закажан настап.
Пред настапот, а и по инцидентот, Таировиќ е снименa како ништо да не се случило, видно расположенa.
Имено, Теа благо се насмевнала, а во еден момент ги кренала веѓите и цело време позирала пред камерата.
Сѐ уште не е познато што се случило за време на нејзиниот настап, а морала да реагира дури и полицијата.
Да потсетиме, менаџерката на Теа Таировиќ во изјава за Телеграф.рс објасни зошто Теа била приведена за време на настапот.
- Полицијата синоќа дојде на редовен увид. Бараа договори, не само од неа туку и од Стоја и Девит. Таа го покажала договорот и полицијата и се заблагодарила, немале причина да ја приведат. Вечерва настапува на приватна прослава во Софија, Бугарија - изјави Бриџис за Телеграф.