Оригинални и забавни: Кој се крие зад маските на Шрек и Фиона?

Добивај вести на Viber

Антониа Гиговска и нејзиниот најдобар пријател стилистот Даниел Николовски направија уникатна маска за 1-ви април.

Првиот анимираниот филм кој е добитник на „Оскар“ за најдобар анимиран филм, „Шрек“ беше инспирација за пејачката и нејзиниот стилист.

Антониа Гиговска како Фиона и Даниел Николовски како Шрек. Обоени со зелена боја на цело тело и костими како од цртаниот филм, оригинални во финалниот резултат. Зад ова дело на Шрек и Фиона се крие познатиот македонски уметник и боди арт Бојан Ковски.

„Дали знаете зошто го сакам Шрек? – Затоа што тој е мојот најдобар пријател, мојот брат и партнер во „криминал““, напиша Антониа.

Фото: Инстаграм