ОШТЕТУВАЊЕТО НА ЦРНИОТ ДРОБ КАЈ ДЕЦАТА Е 10 ДО 20 ПОГОЛЕМА: Родителите будно да ги следат симптомите-за мистериозниот хепатитис, д-р Андоновски

Новиот Хепатитис е проблем кој се јави во целиот свет помеѓу детската популација  и предизвика голема загриженост кај здравствените експерти.

Главна вест во педијатриските кругови на глобално ниво е веста за појавата на Хепатитис од непознат тип кој доведува до таква силна инфламација на хепарното ткиво што дури во некој случаи на таква афункционалност е потребно да и се наложи и трансплантација на хепар кај тоа заболено дете, потенцира за Фактор, д-р Ангелчо Андоновски, специјалист педијатар, и додава дека за акутен хепатитис не се дава специфична терапија, туку се лекува симптоматски.

-Силната загриженост на експертите се изрази најмногу во моментот кога фреквенцијата на забележано оштетување на црниот дроб кај оваа болест е 10 до 20 пати поголема од очекуваната за децата. Вкупниот број на пациенти на почетокот на мај беше околу 200 пациенти, во целиот свет но, на секој десетти регистриран пациент му требаше нов црн дроб.  Мора да се каже дека сеуште е рано да се говори за точниот предизвикувач а и за точни научни податоци и статистики. Севкупната научна јавност се уште не може да се потврди  дека се работи за ново заболување бидејќи недостасуваат одредени специфицирани  анализи. Ова е ново заболување во светот и  затоа мора да бидеме многу внимателни., вели д-р Андоновски. Повеќе по темата прочитајте на Фактор.мк


Фото: unsplash