Осигурување од автоодговорност: Најважни права и обврски

Добивај вести на Viber

Осигурувањето од автоодговорност е законски задолжително осигурување, кое сопствениците на моторни возила се должни да го обезбедат пред да го пуштат моторното возило во сообраќај, односно регистрација на моторни возила може да се изврши само откако наорганот надлежен за регистрација ќе му биде поднесен доказ за склучен договорза задолжително осигурување (АО полиса). Целта е да сеобезбеди заштита во случај на штета нанесена на трети лица и предмети,така што трошоците што, инаку, би требало да ги плати осигуреникот (сопственикот на возилото), ги надоместува осигурителната компанија.Ова осигурување ги покрива штетите во случај на губење на животот, телесни повреди, нарушена здравствена состојба, оштетено или уништено моторно возило или друг имот.

Право на надомест на штета по основа на осигурување од автомобилска одговорност има секое лице освен: лицето што го управувало моторното возилото со чија употреба е предизвикана незгодата и сопственикот, сосопственикот, договарачот на осигурувањето и секој друг корисник на возилото кој во моментот на настанување на незгодата не го управувал моторното возило со чија употреба е предизвикана незгодата, но само за износот на штета поради уништување или оштетување предмети. Надомест на штета не му следува ни на лицето што присвоило моторно возило на нелегален начин, како и на соучесникот во нелегалното присвојување на моторното возило со чија употреба е предизвикана незгодата, без разлика дали лицето го управувало моторното возило во моментот на настанување на незгодата. Ова се однесува и на лицата што ја претрпеле штетата како резултат на: употреба на моторно возило во спортски приредби за кои е добиена официјална согласност и на кои епотребно да се постигне максимална брзина и употреба на моторното возило во терористички акт или воени операции дефинирани согласно со Кривичниот закон.

Со осигурувањето од автомобилска одговорност се опфатени и штетите предизвикани со употреба на моторно возило од неовластено лице. За неовластено лице се смета лицето што гоуправувало моторното возило без соодветна возачка исправа(вклучувајќи лице што е на обука за добивање возачка исправа безприсуство на овластено лице) или на нелегален начин го управувало моторното возило, или лице кое есоучесник во таквиот чин или го управувало моторното возило под дејство на алкохол наддозволенето ниво согласно со закон, наркотички дроги илипсихотропни супстанции. Друштвото за осигурување што ќе ја надомести штетата предизвикана соупотреба на моторно возило од страна на неовластено лице има право на регрес заисплатениот износ на надомест на штета заедно со камата и трошоци создадени натој начин од неовластеното лице.

Осигурување од автоодговорност нуди и компанијата Кроација осигурување чија полиса ви обезбедува финансиска заштита за штетите кои со употреба на моторното возило би ги причиниле на трети лица и нивниот имот како последици од сообраќајна незгода. Доколку предизвикате сообраќајка, вашата полиса за автоосигурување ќе ги подмири трошоците за штетата на туѓото возило и на повредените лица. Доколку, пак, имате и каско осигурување, тоа би значело покритие плус за материјалната штета на вашето возило што е предизвикана во сообраќајна незгода кога сте вие одговорни, односно кога сте виновни за настанување на незгодата.

Кроација за добрите и совесни возачи одобрува попуст на премијата за осигурување, и тоа: ако во тековната година не причиниле штета на трето лице, наредната година добиваат попуст (бонус) на премија.За секоја година без пријавена штета бонусот изнесува 5% по 1 година, 10% по 2 години, 20% по 3 години, 25% по 4 години, до максимум 50% на десеттата година на осигурувњето. Лицата што се заведени како воени и трудовите инвалиди, добиваат дополнителен попуст од 10%.

ПР објава