Oсмомартовски идеи за компании кои се грижат

Меѓународниот ден на жената се прославува повеќе од 100 години, а Обединетите Нации го прогласија за официјален празник во 1977 година. Оттогаш, традиционално на овој ден ја искажуваме нашата почит кон жените и нивната борба за социјална, економска, политичка и културна правда.
Во бизнис светот, жените денес заземаат еднакво место како и мажите. Многу компании имаат исклучителен успех благодарение на нивните водачи жени, кои за разлика од мажите многу често мора да „жонглираат“ меѓу професионалните и приватните обврски, што е исклучително предизвикувачки.
Токму затоа, секоја одговорна компанија треба да ја покаже својата благодарност и на 8 Март да обезбеди подароци кои ќе го покажат тоа. Еве неколку идеи кои ќе ви помогнат полесно да се решите што да подарите на своите соработнички и бизнис партнерки.
1. Спа и велнес ваучер
Напорната работа во канцеларија мора да се избалансира со опуштено време за себе. Една одлична идеја за 8 Март е ваучер за некој од многуте спа и велнес центри каде колешките ќе може да минат време во уживање и релаксација. Доколку ова го искомбинирате со скратено работно време, бидете повеќе од сигурни дека сте направиле полн погодок.
2. Инспиративна книга
Одличен осмомартовски подарок за жени кои се секогаш насочени кон личниот и кариерниот развој. Одберете книги од влијателни авторки во својата бранша или книги кои ќе им помогнат да стигнат до зацртаните цели. Одлична идеја за мали и средни компании каде колегите одлично се познаваат меѓусебно.
3. Ваучер од dm дрогериите
Ова е особено подарок со кој не може да згрешите. Ваучерот од dm дрогериите е идеално решение бидејќи ги комбинира личните потреби на вработените и професионалниот аспект на подарокот. Ваучерот може да го ставите во убаво плико заедно со персонализирана порака, а вашите драги колешки несомнено ќе се израдуваат, бидејќи секоја жена кај нас барем еднаш месечно ги посетува европски познатите дрогерии, кои се широко достапни и кај нас.
4. Неколку производи кои се грижат за нашето здравје
Сет органски производи кои го чуваат имунитетот. Нема да погрешите. На ваков начин поттикнувате одмерена, балансирана исхрана, која позитивно влијае на нашата благосостојба. Органските производи не се третираат со пестициди и не содржат вештачки бои и ароми. Изобилуваат со големо количество на нутриенти и антиоксиданси, а со самото тоа имаат позитивни влијанија на нашето тело.
*Пр објава