ОСТРОВСКА ЗЕМЈА ПОВИКУВА ТУРИСТИ: Имаат добра причина за тоа
По шест месеци откако ураганот Марија го погоди Порторико, загуби има туризмот.
Интересно е дека само неколку недели по ураганот, основана е програмата "Meaningful Travel", патот по кој сите патници, локалци и Порториканци кои живеат на други места се повикани да им се придружат да ги обноват некои од најпопуларните природни атракции на островот.
Оние кои ја почнаа програмата велат дека повикот трае и понатаму за сите дорбонамерни луѓе и наведуваат дека тоа не значи дека туристичката индустрија сака да игнорира сè што се случило, туку дека покрај сè сака да ја покаже својата одлучност да биде како претходно.
„Животот во Порторико полека се враќа во нормала и на нашите граѓани им е драго што туристичките зони повторно оживуваат и ги поздравуваат посетителите. Порториканците се прекрасни домаќини"- вели Карла Кампос.
Помагаат и мештаните за да земјата се врати во нормала и да блесне во сиот свој туристички сјај.