Отец Григориј за трагедиите во Србија: Сѐ што се случи го доживеа секој од нас! Овие страдања се повик за пост и молитва

Србија во изминатата недела ја погодија два страшни настани: прво во средата наутро малолетниот К.К.(13) уби 8 ученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, а само ден подоцна Урош Б.(21) уби 8, а рани 14 лица, во масакрот што започна кај Младеновац.

Отец Глигорије Марковиќ, за овие две трагедии, рече дека имало премногу размислувања, впечатоци и искуства, а главното влијание што секој од нас го почувствувал, е тоа што тоа не му се случило на некој друг туку на нас самите...

- Можевме да се чувствуваме како учесници во се‘. Секој од нас помина низ ова. Како некој што живее во црква, не можам да им се придружам на гласовите што се слушнаа. Зборот на Евангелието постојано ми одекнува, дека генерацијата на злото може да се истера само со пост и молитва. Постот не е избор на храна, туку религиозен однос кон светот, а молитвата е составен дел, не како додаток, туку како молитвен глас на човекот – рече отец Марковиќ.

Овој настан е повик за молитва, додаде тој.

- Љубовта е нешто што е најголемиот подарок во кој сфаќаме дека треба да живееме во мир - изјави Марковиќ.


Фото: Youtube - screenshoot

„Срце да пукне од тага“: Најтрогателната рецитација за убиените дечиња во Србија