„Отидов во Турција, потрошив огромна сума на пари за операции и изгледам полошо од било кога“: Зара заврши со страшни лузни

Добивај вести на Viber

Фото: The Sun

Несреќната жена страшно се покаја откако отпатува во Турција на операција на стомакот, задникот, градите и забите

Зара Едгар (36) потроши илјадници фунти за да го постигне популарниот „Инстаграм изглед“, но остана разочарана од резултатите.

Таа вели дека крајната цел била да изгледа добро во бикини - но сега се кае за одлуката.

Зара, која сега живее на западноиндискиот остров Гренада, минатата година отпатува за Турција со нејзиниот сопруг Игел Едгар (39). Игел има вградено и забни импланти за да си ја подобри насмевката, но и тој не е задоволен од резултатите. Зара, која порано работела како банкарска службеничка, рече:

- Се обидував да го добијам тој Инстаграм изглед, каде што сè е совршено. Но, сега никогаш не би го направила тоа - не вреди. Само прифатете се такви какви што сте. Посакувам да се прифатев. Жал ми е за ова. Се чувствувам толку вознемирено. Сакав да се чувствувам добро во бикини, а вака гледа денес нејзиниот сопруг на нејзиното тело:

Фото: The Sun


- Игел рече дека претходно изгледав прекрасно. Би сакала да му верував. Стомакот ми се чувствува како да има метал внатре. Тоа ме прави толку несреќна. Имплантите на Игел требаше да му дадат самодоверба, но сега тој е позагрижен од било кога. Само сакам луѓето да знаат да не го прават ова, истражувајте колку што можете повеќе.

По, како што тврди, ужасното искуство, Зара ги повикува луѓето да не им веруваат на социјалните мрежи кога бараат опции за операција.

- Не му верувајте на Инстаграм како платформа за наоѓање операција - таму сè изгледа добро. Можеби е поевтино да одите во странство отколку во ОК, но многу, многу поважно е да се грижите за вашето тело отколку да добиете нешто евтино.

Зара и Игел, градежен работник, ја продадоа својата куќа во Манчестер и отидоа на операција на пат кон нов живот во Гренада во ноември. Тие велат дека го платиле договорот со клиника што парот ја нашол на Инстаграм. Тоа вклучувало операција и престој во хотел за единаесет ноќи, велат тие.

Фото: The Sun


Операцијата на Зара од 6.000 фунти била извршена првиот ден, а нејзината стоматолошкиот зафат од 4.500 фунти четири дена подоцна. Двојката рече дека стоматолошкиот зафат на Игел исто така чинел 4.500 фунти, а потрошиле уште 1.000 фунти за храна за време на нивниот престој.

Зара не се жали на зголемувањето на градите и вели дека нејзините заби се подносливи, но и понатаму ја боли стомакот и нејзиниот задник не е со големината што ја сакала.

Зара вели дека контактирала со компанијата која ѝ кажала дека парот може да се врати бидејќи имаат 20-годишна гаранција. Турската фирма тврди дека парот платил помалку од 16.000 фунти, но не ја потврдија вкупната сума. Тие исто така тврдат дека парот не ја извршил конечната исплата, но не сакаа да кажат колку должат.

Фото: The Sun


Од компанијата додадоа дека парот изгледал среќен кога си заминал и можел да повика помош во секое време. Пластичната хирургија била комплицирана операција, велат тие и додаваат дека имале стотици пациенти.

Извор: zena.blic.rs