Откако ѝ почина девојката, спиеше на душек полн со болви: Како популарната комичарка ја претвори својата тага во богатство од милион долари

Елен Деџенерис е една од најпопуларните и најомилените јавни личности, но поради својата сексуална ориентација мина низ вистински пекол.

61-годишната комичарка и водителка Елен Деџенерис ја загуби тогашната девојка на 20-годишна возраст во трагична сообраќајна несреќа. Во тоа време, комичарката живеела во Њу Орлеанс и едвај врзувала крај со крај како келнерка. Таа живеела со својата девојка во стан под кирија, а кога не можела тоа сама да си го дозволи и кога ѝ било најтешко морала да се исели.

Таа нашла стан, односно подрум во кој наместо кревет имало само душек, кој бил полн со болви и токму таму ѝ дошла идејата својата тага да ја претвори во стенд-ап шоу и со тоа да ги надмине тешките денови полесно.


Нејзиното богатство денес се проценува на неверојатни 360 милиони долари, а нејзиното шоу „The Ellen DeGeneres“ е едно од најгледаните и најпопуларните во светот.

Но, на врвот на својата голема слава, Елен уште еднаш падна на дното и остана без ништо кога призна дека е лезбејка во одличното интервју за познатиот магазин Тајм со насловната страница „Да, јас сум геј“ . Елен потоа ја посети Опра Винфри, а реакциите на многумина беа многу негативни. И Елен и Опра добивале закани, а ги нарекувале и со погрдни имиња и тоа бил само почеток.


Признанието на Елен за малку ќе ѝ ја уништило кариерата на сите полиња, бидејќи таа не само што е комичарка и водителка, туку е и актерка и писателка, но се врати посилна од било кога ...


Со среќата на деловното поле, пристигна и љубовта со актерката Порша де Роси, занесна русокоса најпозната по улогата во серијата „Али МекБил“. Тие почнаа да се забавуваат во 2004 година, а се запознаа 4 години порано.


Во 2008 година, откако беа дозволени геј бракови во Калифорнија, Елен и Порша застанаа пред олтарот, а Порша го зеде нејзиното презиме. Парот никогаш не бил вмешан во ниту еден скандал, а во својата вила живеат со неколку кучиња и мачки.


Фото: Youtube/Инстаграм