Откако ослабев, мажот ме остави за подебела жена

Американката Шерил Блејклок целиот живот имала проблем со вишокот на килограми, а кога ослабела и стасала до конфекцискиот број 38, дознала дека мажот ја изневерува. Откако ослабела, бракот кој траел 25 години се распаднал. Жената во која се вљубил нејзиниот маж исто така е со вишок на килограми, па дури и слично се облекува како Шерил, кога била подебела. 

Трансформацијата на оваа Американка, за која раскажа во „Дејли Мејл“, ја чинела 25 години брак.

„Додека бев подебела , беше лесно да ме контролираат. Не се дружев со никого, немав пријатели, а својот живот го живеев преку децата. Не сакав да се истакнувам, сакав да живеам во сенка. Како што ја губев тежината, чувствував како да ми паѓа камен од срцето. Но, моот сопруг полека почна да ја губи контролата и тогаш почна да бара друга жена“, раскажала 54 годишната Шерил. 

Една вечер во домашна атмосфера, таа слушнала знак за порака која стасала на телефонот на сопругот. Била љубопитна, ја отворила пораката и имала што да види. Текстот недвосмислено сведочел за интимниот однос на нејзиниот маж на и жената која ја пратила пораката. Во тој момент, бракот пукнал, но Шерил доживеала уште изненадувања. 

„За таа жена не знаев многу, освен дека е помлада од мене и само тоа. Но, потоа го видов мојот сопруг со неа, и се шокирав кога видов колку е крупна, огромна. Наликуваше на мене пред да ослабам. Имаше дури и ист стил на облекување како мене кога бев дебела. Дваесет години поминив со огромен вишок на килограми и знаев дека не сакав да се вратам на тој период“, изјавила Шерил.

Во исто време кога ѝ се распаднал бракот, и децата кои се веќе возрасни го напуштиле домот и Шерил се чувствувала изгубено и осамено. Сепак, решила дека треба да оди напред. 

„Знаев дека морам да почнам пак да живеам. Секој кој вели дека е иста личноста со вишок на килограми и без нив, лаже. Губитокот на тежина го менува човекот , но и неговото влијание на другите луѓе“, раскажала Шерил. Таа продолжила да слабее и по разводот, а сега носи конфекциски број 34 и неодамна повторно се омажила.