Откако се породи со близнаци си го одзеде животот: Сопругот со мисија да ја подигне свеста за постпородилната депресија

Аријана и Тајлер Сјутон, по првото дете со бореле со последиците од постпородилната депресија кој за среќа остана само лош спомен од едно време. Но овој пат Аријана не успеа. Таа ја остави својата ќерка и двете само што родени близнаци, и сама одлучи да замине во вечноста.

Нејзиниот сопруг денес има мисија да ја зголеми свеста за последиците од оваа состојба, за таа цел ја раскажа својата приказна.

-Бевме многу возбудени што имаме и едај ги чекавме близнаците. Ништо не наведуваше дека ќе се случи најлошото. се шегуваше за нејзините отечени зглобови и за тоа дека сака да испие голема шолја кафе. Никогаш не сонував дека ова може да се случи. Дојде многу наеднаш. Започна да зборува дека сака блинзнаците да се вратат во нејзиниот стомак. И реков дека сè ќе биде во ред,  и дека за нив се грижи одличен тим. Но, никој не можеше да и се доближи.

Сакаше да биде мајка. Тоа ѝ беше најомиленото нешто на светот затоа и смртта нема врска со децата, да имаше таа ќе останеш, рекол тој.

Постпородилната депресија прв пат ја почувствувала по раѓањето на ќеркичката Мелоди во 2018 година. Нејзините симптоми биле толку лоши што била двапати хоспитализирана. Две недели траела.

-Кога првпат се соочивме со постпородилната депресија, не бевме подготвени. На почетокот не обрнавме големо внимание на тоа. Мислевме дека не може да ни се случи нам. Не бевме предупредени. Во почетокот промените беа мали. Како нејзин сопруг, си мислев дека тоа е поради тоа што е нова мајка. Беше загрижена дека има лоши нешта во водата за пиење и се јавуваше во одделот на градот задолжен за водата за да дискутира со нив. Дури и откако се увери дека сè е во ред, не можеше да се откаже од тоа“ – објаснил тој.

За да ѝ помогне, Тајлер зел одмор од работа, но тоа само ги влошило нештата.

Парот побарал и медицинска помош, но биле потребни месеци за да се пронајде соодветната терапија. По примањето соодветни лекарства, Аријана била многу подобра.

За жал, депресијата се повторила и по второто породување. И покрај тоа што парот имал план и работел со стручни лица на одредувањето соодветна терапија, симптомите многу брзо се влошиле.

-Беше чудно да се види ваква нагла промена. Беше забележителна. Имавме план веднаш да започне со лекарства. Мислевме дека имаме време. Тоа што се случи во период од неколку недели првиот пат, сега се случи во неколку дена. И покрај тоа што имавме план, немаше начин како да предвидиме дека ќе се случи толку брзо и ненадејно. Дојде од никаде и не бевме подготвени – рекол сопругот.

Животната мисија на Тејлор сега е да ја зголеми свеста за постпородилната депресија која засега 1 на 8 жени. Симптомите можат да бидат различни од прекумерна анксиозност, лутина, сомнежи во твојата способност да се грижиш за бебето, до појава на мисли да се повредиш себеси или бебето.

Личноста треба да е многу силна за да побара помош.

View this post on Instagram

A post shared by Good Morning America (@goodmorningamerica)