Откако сите се воодушевија од Ким затоа што таа се дрзна да го облече фамозниот фустан на Мерилин Монро, старлетата се појави во уште една тоалета и повторно сите гледаат во неа

Добивај вести на Viber

На неодамна одржаниот Мет Гала,сите гледаа во креацијата што ја носеше Ким Кардашијан. Барем сите мислеа дека ќе смисли нешто мега екстравагантно, особено по нејзиниот црн комбинезон на Баленсијага, кој ја прекри од глава до пети, а во кој се појави на свеченоста во септември минатата година.

За среќа, таа имаше сличен неочекуван трик во ракавот, но не се потруди да смисли „топла вода“, туку го реинкарнираше познатиот фустан што некогаш го носеше, ни помалку, ни повеќе туку Мерилин Монро. Сепак, тоа не беше каков било фустан, туку добро познатиот светкав беж фустан украсен со кристали, кој Монро го носеше за време на нејзиниот уште попознат и неславен настап „Среќен роденден, господине претседателе“ на роденденот на Џон Кенеди во 1962 година.

Секако, ова парче облека е дел од историјата на модата на музејско ниво, па Кардашијан го носеше само за фотографирање на црвениот тепих пред брзо да се префрли во реплика.

Во интервју за Vogue во пресрет на гламурозниот настан, најпознатата светска старлета спомена дека при рака има и реплика на друг фустан на Мерилин.

Се испостави дека Ким ја има вистинската работа: зелен фустан со светки на „Heritage Auctions“, кој Кардашијан го носеше за брзо фотографирање во својата соба.


Фустанот е уште едно од највпечатливите парчиња облека на Мерилин Монро, дизајн на Норман Норел, кој го носеше на Златните глобуси во 1962 година, каде што ја доби наградата „Хенриета“ за „миленик на светската кинематографија“.

„Во моите напори да го најдам фустанот на Жан Луис рачно украсен со бисери што го носев на церемонијата, открив дека аукциската куќа Херитиџ го има култниот зелен фустан на Мерилин Монро со светки“, напиша Ким Кардашијан на Инстаграм.

Во процесот на истражување, таа дошла и до фактот дека наградата што ја освоила Монро таа година била во сопственост на нејзиниот пријател, дизајнерот на цвеќиња Џеф Литам, кој ја купил на аукцијата во 2018 година.

„Сето тоа го гледав како знак, начинот на кој сите ѕвезди се поклопија“, додаде таа.

„Секогаш ќе биде една од најголемите привилегии во мојот живот да можам да ја канализирам мојата внатрешна Мерилин на овој начин, особено во таква посебна ноќ. На тој начин никогаш нема да го заборавиме нејзиниот изглед кој го одзема здивот", заклучила Ким.


Фото: Инстаграм