Откриена статуата на принцезата Дајана: Емотивна средба на принцовите на денот на нејзиниот роденден
На барање на принцовите Вилијам и Хари, градината на палатата Кенсингтон доби нов украс во чест на починатата принцеза Дајана, денес на денот на нејзиниот роденден.
60-от роденден на Лејди Ди, кој би го прославила денес, 1ви јули, во Велика Британија, беше одбележан со церемонијата на откривање на статуата посветена на починатата принцеза.
Заради острите мерки против пандемијата, церемонијата беше затворена за јавноста, иако постои голем интерес, не само поради големата популарност што ја уживаше Лејди Ди меѓу народот, и покрај тоа што ја нема веќе 24 години , но и поради повторната средба на скараните принцови.
Според таблоидот „Сан“, поранешниот сопруг на Дајана, принцот Чарлс, отпатувал за Шкотска и не присуствуваше на откривањето на споменикот. Кејт Мидлтон исто така не присуствува, а според неофицијалното објаснување, таквата одлука е донесена затоа што Меган Маркл, сопругата на Хари, не можеше да дојде во Лондон.
Сепак, имајќи предвид дека поранешната резиденција на Дајана денес е дом на принцот Вилијам и неговото семејство, Кејт веќе имаше можност да ја види статуата.
Обожавателите на несреќната принцеза со денови оставаа цвеќе, фотографии и пораки пред влезната порта. Во наредниот период тие ќе можат да ја посетат познатата „градина Санкен“, бидејќи тој дел од комплексот е отворен за посети.
„Потонатата градина“ беше едно од омилените места на Лејди Ди, па неодамна беше украсено со нејзините омилени цвеќиња. Беше редизајнирана по повод свеченото откривање на споменикот, па стана побогата за уште четири илјади бели цвеќиња.
Браќата се собраа во нивниот дом од детството, палатата Кенсингтон за да ја откријат статуата на која е претставена нивната мајка со три деца, како одраз на работата на Дајана во поддршката и негувањето на децата ширум светот.
„Денес би бил 60-тиот роденден на нашата мајка, се сеќаваме на нејзината љубов, сила и карактер - квалитети што ја направија добра низ целиот свет, менувајќи безброј животи на подобро“, рекоа Вилијам и Хари во заедничката изјава. „Ние сакаме таа да остане со нас секој ден и се надеваме дека оваа статуа засекогаш ќе се гледа како симбол на нејзиниот живот и нејзиното наследство“, се вели во соопштението.
Заблагодарувајќи се на тимот кој помогна да се оживеат статуата и градината, тие исто така изразија благодарност за „сите оние ширум светот што го одржуваат во живот споменот на нивната мајка“.
Плановите за правење статуа на принцезата Дајана првпат беа објавени во февруари 2017 година, кога беше одбележана 20-годишнината од нејзината смрт во сообраќајна несреќа во Париз. Тогаш саканата принцеза почина на 36-годишна возраст.
Од Хари не се очекува да остане во Лондон по настанот, но ќе побрза дома во Калифорнија, каде го чекаат Меган и децата.
Кралицата Елизабета се уште е на турнеја во Шкотска и таа утре треба да се врати во главниот град за да се сретне со Ангела Меркел.
извор:nova.rs / kurir.rsфото:profimedia