Откриено што мисли за свекрвата: Јелена и Дијана Ѓоковиќ не се согласуваат во едно

Добивај вести на Viber

По спектакуларната победа на Новак Ѓоковиќ на „Австралија опен“, сопругата на најдобриот тенисер на сите времиња, Јелена Ѓоковиќ сподели фотографија од својот сопруг, но и од неговата мајка Дијана Ѓоковиќ.

Нашироко се шпекулираше за врската меѓу Јелена и Дијана Ѓоковиќ, особено по изјавата на Дијана дека не ѝ се допаѓа начинот на кој нејзиниот син и снаа ги воспитуваат своите деца.

- За жал, ретко доаѓаат, создадоа свое семејство и оаза. Јелена прави одредени работи на свој начин. Тоа се случува, особено кога е во прашање исхраната, која јас не ја поддржувам – изјави еднаш Дијана.


- Секогаш кога има време се трудиме да се видиме, да одиме на езеро, да шетаме... Доаѓаат кај нас, за внуците да ја почувствуваат топлината на домот на нивните баби и дедовци. Тие ги сакаат моите познати палачинки. Секогаш слушам: „Бабо, подготви ни палачинки!“, а потоа се натпреваруваме: „Какви сакате, безглутенски или нормални?“, а Стефан вели: „Бабо, нормални, остави ги безглутенските“ – откри еднаш со насмевка Дијана Ѓоковиќ во емисијата „Додека ангелите спијат“.

Исто така, на натпреварите на Новак, снаата и свекрвата не седат една до друга, а за роденденот на Јелена Ѓоковиќ изостана честитката на Дијана на социјалните мрежи.

Меѓутоа, сега Јелена Ѓоковиќ реши да ѝ оддаде почит на својата свекрва на својот Инстаграм профил по победата на Новак, па сподели своја фотографија и кратко, но јасно напиша „Мајка“, што зборува во прилог на тоа колку ја цени Дијана.

Извор: www.blic.rs