Откриено зошто се самоуби болничарката која се грижеше за Кејт Мидлтон
Англиските медиуми сѐ уште пишуваат за инцидентот кој го одбележа раѓањето на првото дете на Кејт Мидлтон и на принцот Вилијам. Приказната која тогаш одекна, навистина ја вознемири јавноста.
Водителката на една телевизија од Австралија се јави во болницата во која била Кејт Мидлтон и за да добие повеќе информации се претставила како член на кралското семејство. На телефон се јавила болничарката која поверувала дека зборува ни помалку ни повеќе, туку токму со кралицата Елизабета и на новинарката ѝ открила во каква состојба се наоѓа Кејт, која во бременоста имала проблеми со мачнините. Оваа приказна подоцна се заврши со голема трагедија.
Болничарката која зборувала со новинарката е пронајдена мртва во нејзиниот стан. По неко време, официјално е потврдено дека се работи за самоубиство. Светските медиуми во 2012 година се посомневаа дали навистина болничарката се самоубила.