Откривањето Шп-арт-уметност со креативен финиш – талентот на младите сликари во фокус на „Вевчански видувања“

Добивај вести на Viber

Годинешното издание на 12. Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“, спои голем број талентирани сликари од земјата и од регионот. Но, можеби најголемо внимание привлекоа младите сликари, кои на почетокот на летото, инспирирани од убавата вевчанска природа, насликаа оригинални сликарски дела. Секое дело, со различна симболика, има своја уникатна убавина и ги отсликува во буквална смисла „видувањата“ на младите сликари.

Елена Попоска своето видување го има манифестирано преку апстрактен стил, со нагласување на текстурата на платното, а недопрената природа, цвеќињата, чистиот воздух и вевчанските извори се токму мотивот за нејзиното сликарско дело. Никола Станковски во своето дело „Вевчани“, своите сликарски потези ги има насочено кон давање автентичен шмек на инспиративните вевчански улички и архитектура. Андреј Антевски својата инспирација ја има пронајдено во старите вевчански куќи и во природата во Вевчани, а резултатот е прикажување на животот на нашите предци. И самото дело на Андреј, насликано во маслена техника, е насловено „Жанр сцена“, што воедно е и име на жанр сцена, термин што се користи во светот на уметноста, кој означува „сцена од секојдневие“.

Арта Лимани, во своите дела во Вевчани, го нагласува секако својот оригинален стил на визуелизирање емоции, претставени преку моќта на сликарската четка и бои. Во сосема поинаков стил, Тамара Трајковска го има претставено во интересна форма драстичниот контраст на насликаните предмети во своето дело, како пајакова мрежа и пастелно црвени цветови во цут. Божествената природна убавина во Вевчани дефинитивно e извор на неисцрпна инспирација, или како што вели Благица Трајкоска, во Вевчани има „незапирлива инспирација од сите страни“. Тоа е видливо и во нејзиното дело „Седлото на боговите“, насликаното во акрилна техника. Елена Петковска во своето дело „Subversion“, со спој на поимите „време“ и „шах“ пренесува интересна порака за важноста на секој момент.

Убавината на живеењето во моментот е инспирација за делото на Евгенија Кузманоска, насловено „Бдеење на сегашноста“. Никола Тренов во „The power of the youth“ со маркантен пристап во сликарските потези ја прикажува моќта на младоста и убавината што таа ја носи. Ристе Мицевски во „Nebula“ ја визуелизира својата сликарска визија со нагласена длабочина на текстурата, која со интересна мешавина на одредени нијанси ја покажува апстрактната страна на вселенската убавина.

Десетте млади сликари беа одбраните финалисти на Конкурсот за млади сликари 2023. Конкурсот го објавија Шпаркасе Банка АД Скопје и Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“. „Шп-арт-клуб“ е дел од платформата за општествена одговорност на Шпаркасе Банка АД Скопје, односно „Sparkasse Life“. Банката е фокусирана за давање значителен придонес со својата поддршка на младите сликари во државата, со цел да креираат без никакви препреки. Банката најавува и завршен хуманитарен настан, кој ќе се реализира во претстојниот период, во форма на аукција, а сите слики на младите сликари ќе бидат дел од наддавањето. Собраните финансиски средства ќе бидат наменети за донирање во хуманитарни цели. Одбрани тројца сликари, со здобиена највисока вредност на аукцијата, ќе добијат и дополнителна поддршка од Шпаркасе Банка АД Скопје, во форма на откуп на по три други нивни дела, во вредност од 1.200 евра за првиот, 1.000 евра за вториот и 800 евра за третиот млад сликар.

Откривањето на Шп-арт-уметност е дефинитивно дел од иднината на македонското сликарство.

Шпаркасе Банка АД Скопје, во рамките на својата корпоративна стратегија за општествена одговорност, дава значителен придонес и поддршка во повеќе сфери во општеството токму преку платформата Sparkasse Life. Еден од главните фокуси на оваа платформа е поддржување на иновацијата, во склоп на разновидни проекти, чијашто главна цел е подобрување на општеството во повеќе сегменти и овозможување на младите да имаат иднина каква што заслужуваат и во која веруваат.

Платформата Sparkasse Life давa поддршка на низа активности во неколку области, какви што се музиката, културата, уметноста, заштитата на животната средина, спортот, младите, промовирање на навиките за водење здрав живот, но и образованието, здравството, хуманитарните активности за поддршка на ранливите групи во државата и грижа за своите вработени како и надградба на нивното знаење и експертиза.

Сите досегашни активности во склоп на оваа платформа се доказ дека Шпаркасе е многу повеќе од само банка, а со несебичниот придонес и дадена поддршка, Шпаркасе веќе подолго време ја оправдува премисата „Верувај во иднината“.


ПР објава