Отворен СН Мото Центарот - нова станица за технички преглед по европски стандарди во скопскиот регион

Добивај вести на Viber

Со сечење на црвената лента и богата музичка програма синоќа свечено беше отворен СН Мото Центарот -  нова и современа станица за технички преглед во скопскиот регион, која  ги задоволува највисоките европски стандарди во функција на поголема безбедност во сообраќајот.

СН Мото центарот е инвестиција наСН Осигурителен Брокер АД Битола, тешка 2,4 милиони евра.

Центарот е мултифункционален објект кој се простира на 6.000 метри квадратни, лоциран на улица Калош Дани број 22, Момин Поток-Карпош во Скопје. СН Мото Центарот располага со 1.847 метрикорисна површина, како и со најсовремена опрема и стручни кадри. Во неговото функционирање се вложени искуството и традицијата на квалитет по кои СН Групацијата е препознатлива.

Црвената лента ја пресекоа првите луѓе на СН Групацијата, Христо Кондовски, Претседател на Одборот на директори на СН Осигурителен Брокер АД Битола и Зоран Пејчиновски, Главен извршен директор на СН Осигурителен Брокер АД Битола.

На свеченото отворање тие порачаа дека визијата е СН Мото Центарот да прерасне во синоним за квалитетна и ефикасна услуга на задоволство на возачите во скопскиот регион во функција на поголема безбедност во сообраќајот.

Покрај технички преглед, возачите можат да ги добијат сите услуги поврзани со регистрација на возила, А-тест, Цемт сертификати, Хомологација, ПТЕУ, Меѓународна возачка дозвола, Полномошно и Пошта. Преку шалтер на СН Осигурителен Брокер АД Битоласе нудат и сите видови осигурување, вклучително автоодговорност, зелен картон, патничко и здравствено осигурување.

Тука се нудат и услугите на Центарот за обука на професионални возачи, односно обука и полагање со кои се добиваат сертификати зауправител, АДР возач, советник за безбедност и професионален возач.Во СН Мото центарот е сместен и шалтер за издавање на тахографски картички, како и тир карнети и Т1.

Во присуство на голем број гости, соработници и партнери на компанијата, како и вработени во СН Групацијата по повод свеченото отворање беше организирана богата музичка програма во чии рамки настапи камерното дуо во состав на Марија Вршкова, пијано и Владимир Костов, виолина -  годинашни добитници на СОКОМ наградата, кои неодамна настапија на Менхетн во Њујорк.

Свеченото отворање на СН Мото Центарот беше заокружено со перформанс на трите музички и визуелни магионичарки од триото „Тринити Стрингс“, Ирена Стојановска и Александра Мирсинова на виолина и Марта Куч на виолочело, трите дел од ансамблот на Македонска Опера и Балет. Гостите ги забавуваше и DJ BRUS.

ПР објава