Ова е куќата во која пораснала Кејт Мидлтон: Не е како луксузот во кој живее денес, принцезата живеела во соба на таван, се грееле на дрва

Фото: youtube printscreen Today/Kate Middleton Turns 40: A Look At The Duchess' Royal Evolution

Денес, принцезата од Велс живее во Аделаида Котиџ во Виндзор, каде што се пресели со семејството од палатата Кенсингтон. А таа пораснала во куќа која е многу скромна во споредба со нејзиниот нов дом.

До 13-годишна возраст, Кејт Мидлтон пораснала во Бредфилд, Беркшир, во куќа што нејзините родители Керол и Мајкл Мидлтон ја купиле во 1979-та година за 34.700 фунти. Таа пораснала со нејзината сестра Пипа и братот Џејмс, а Мидлтон го продале домот во 1995-та година за 158.000 фунти преку локалниот агент за недвижнини Дали Синглтон.

Фото: Profimedia

Кога куќата повторно била ставена на продажба во 2011-та година, Синглтон заедно со екипата на CNN го обиколи поранешниот дом на принцезата од Велс.

Распоредот на собите во куќата бил практичен, па дневната соба се наоѓала директно до кујната. Фотографиите од 2011-та година покажуваат соба со црно-бели подни плочки и едноставни бели орманчиња, заедно со црна работна површина.

Има и пријатна дневна соба, токму ова катче било омилено место за одмор и релаксација на родителите на Кејт Мидлтон.

„Имаа шпорет на дрва во трпезаријата, камин и голема маса на која цртаа децата“, додал агентот за „Дејли Мејл“.

Кејт најпрво спиела во собата на таванот, а потоа се преселила во поголема просторија која може да собере поголем кревет и биро. Таа имала попространо катче додека Пипа и Џејмс делеле помала соба.

Куќата во која Кејт го помина своето детство беше во фокусот на медиумите откако се дозна дека таа е свршена со Вилијам, кој често истакнуваше дека неговата сопруга живее скромно.

Фото: Profimedia


Керол и Мајкл Мидлтон подоцна стекнале вистинско богатство, па скромниот дом го замениле со полуксузен начин на живот.

„Вилијам го засноваше воспитувањето на своите деца на моделот на Милдтон, богати, но вредни родители и дом полн со љубов. Во раните дваесетти години, Кејт ги именуваше мајка си и татко си за свои најдобри пријатели, а таа и нејзиниот сопруг се стремат да се погрижат ќерката и синовите да имаат ист однос со неа и со принцот“, изјави претходно за „Ок“ списанието британскиот судски експерт Данкан Ларкомб.

Извор: zena.blic.rs