Ова е земјата која прва ќе почувствува како изгледа пост-ковид реалноста: Од денес ги укинуваат сите мерки

Израел од денес се подготвува за прв пат да почувствува како изгледа реалноста „по пандемијата“. Имено, властите одлучија да ги укинат скоро сите ограничувања воведени со цел да се потисне ширењето на коронавирусот, по значително намалување на бројот на нови случаи и потешки случаи.

Од денес, зелените пропусници и „виолетовите значки“, кои беа неопходни за граѓаните да се движат или да влезат во објектите, веќе не важат. Затоа, во иднина, јавните институции ќе бидат отворени и за вакцинирани и за невакцинирани.

Повеќе нема да биде потребно да се покажува потврда за вакцинација или дека некој се заразил со коронавирус. Сите ограничувања за влез во настани, продавници и ресторани, меѓу другото, се укинати ....

Сепак, обврската да се носат маски во затворен простор ќе остане во сила, но се верува дека нема да биде долго, пишува Times of Israel. Исто така, обврската за карантин за сите невакцинирани патници кои доаѓаат во Израел останува во сила.

Оваа одлука е донесена по падот на бројот на нови пациенти. Во неделата, земјата регистрираше само четири нови случаи на инфекција.

Инаку, Израел, кој има девет милиони жители, успешно спроведува кампања за вакцинација од 19 декември.