Сите двојки се караат и тоа е нормално. Ако постојано премолчувате и попуштате со цел да избегнете караница, тогаш само прашање на време е кога еден од вас ќе експлодира. Врската не може да постои без компромис, но постојаното жртвување на своите ставови води кон пропаст.
Многу парови мислат дека проблемот е само ако сексот се случува ретко, но не е тоа проблемот. Проблемот е и во досадниот, рутински секс кој полека ја губи својата страст.
Луѓето се социјални суштества, па ако излегувањата ги замените со каучот и воопшто не правите нови работи, со текот на времето ќе почнете да си префрлате еден на друг и сѐ почесто ќе се расправате без потреба.